Изложба на предмети изработени за време на керамичката работилница во Пионерскиот дом во Гевгелија
- Детали
- четврток, 31 јули 2025
Десет дена Пионерскиот дом во Гевгелија беше место каде се собраа и младите и повозрасните граѓани кои сакаа да се запознаат како и на кој начин може да ја обликуваат глината.

Керамичката работилница мошне умешно ја водеше вајарката и музејски копист, Гордана Николоска Петрова.Таа не го криеше своето задоволство од масовноста и изработените предмети на оваа интересна работилница:
„Навистина сум пријатно изненадена од одзивот за оваа работилница, на која за само девет дена беа изработени 493 предмети. Сакам особено да ги издвојам штитениците на Дневниот центар за лица со посебни потреби од Гевгелија и Центарот „Мајка Тереза“.
Само што им го покажав креативниот процес на изработка на предмети од глина, се зафатија за работа и изработија прекрасни примероци. Се надевам дека завршната изложба ќе може да ја посетат заинтересираните и во наредните денови.“
Да потсетиме дека првата недела на оваа работилница беше посветена на инклузивно дружење и творење на лица со попреченост- штитеници на Дневниот центар за лица со попреченост- Гевгелија и Центарот „Мајка Тереза“- Гевгелија.

Целта беше преку уметност и окупациона терапија да ги надминат предизвиците и да го покажат својот потенцијал, инспирирајќи ги сите околу нив.
Втората недела, керамичката работилница ја посетуваа повозрасните, кои преку креативна едукација и сопствено творење ја откриваа силата на глината- не само како материјал туку и како средство за исцелување на умот и духот преку арт-терапија.

Работилницата заврши на 18 јули, со изложба во Пионерскиот дом, на која изработените предмети беа презентирани пред очите на јавностаи на која беше одбележан крајот на оваа креативна авантура заедно