На 8 септември сите патишта водат кон Маврово – дали сте спремни за најзелената трка во земјава?
- Детали
- понеделник, 11 август 2025
Најзелената трка во земјава се враќа по шести пат! Овој 8-ми септември, спакувајте го велосипедот и кацигата, добри вибрации и желба за авантура – се гледаме во Маврово! Време е да се впуштиме во ново велосипедско искуство во природа - професионалци, рекреативци, млади и деца - сите на исто место со заедничка цел.

На 8 септември 2025 година, во срцето на природната убавина на Маврово, повторно ќе се слушне звукот на тркалата на велосипедите, бидејќи веќе шеста година по ред ќе се одржи хронометар велосипедската трка – HalkVeloGreen.
Ова не е обична трка, ова е повик за сите – професионалци, рекреативци, млади и возрасни – да се обединат во еден зелен ритам, возејќи по прекрасната 22-километарска друмска патека која ќе ве однесе низ убавините на Маврово.
Без разлика дали сте искусен велосипедист или пак го носите велосипедот како свој најдобар пријател за неделен излет во парк, HalkVeloGreen нуди категорија приспособена за секој од вас.

Категоријата ХОБИ (мажи и жени) која се однесува на сите велосипедисти кои рекреативно или професионано се занимаваат со овој спорт, како и категорија МЛАДИ и ДЕЦА.

Доколку вашата енергија не познава граници и сакате да го делите ова искуство со пријатели или колеги, имате шанса да се пријавите како тим.
Покажете ја силата на вашата група, тргнете заедно и натпреварувајте се за тимски пласман, затоа што успехот е уште посладок кога се дели.
Покрај авантурата и спортскиот адреналин кои ги нуди самата трка, за забавата на настанот ќе се погрижат:
- DJ Oki Doki – со музика што ве вози до целта
- Викса – вашиот водител со енергија
- JoJo's Barbeque – за да ги надополните изгубените калории
- Активности за најмладите со Халки – бидејќи вело љубовта почнува од мали нозе

Оваа трка е дел од платформата HalkEco, која е заснована на зелената агенда на Халкбанк како еко-ориентирана компанија која низ годините на своето делување дава силна поддршка на сè она што е во насока на негување здрав животен стил и заштита на животната средина.

Сите собрани средства од котизациите, кои изнесуваат 800 денари до 3 септември, се наменети за пошумување, па со секоjа пријава помагате природата да стане уште побогата и поздрава.
За да станете дел од ова зелено возење, пријавувањето е отворено на www.trki.mk, но имајте на ум дека бројот на учесници е ограничен.
ТУКА може да прочитате повеќе информации за трката.
Не дозволувајте да ви раскажуваат како било. Бидете дел од трката која остава трага – не само во срцето, туку и во шумата.
