Штип вторпат домаќин на трибјут концерт во чест на Тоше: 5-часовен спектакл со над 15 музички ѕвезди
- Детали
- вторник, 12 август 2025
Голем трибјут концерт за Тоше по втор пат во Штип! После одличниот прв концерт минатата година, Штип на 21 август повторно е домаќин на концертот во чест на нашата поп икона Тоше Проески.

Повеќе од 15 музички ѕвезди на иста сцена, во чест на најголемата наша музичка ѕвезда!
5-часовен спектакл и ноќ исполнета со емоции. Повелете на магична ноќ на емоции, ноќ на музика, ноќ за Тоше! Да ги испееме заедно безвременските хитови на нашиот единствен Тоше!
Концертот има хуманитарен карактер – дел од средствата ќе бидат донирани за реконструкција на улицата Тодор Проески во Крушево.
Влезници во претпродажба по промотивна цена во City Point Tobacco – Штип.

Ова е комплетната програма:
Во период од 10:00 до 16:00ч. во Домот на млади ќе реализираме крводарителска акција “Биди хуман како Тоше”. Ја продолжуваме хуманата мисија на Тоше. Секој крводарител ќе добие гратис влезница за концертот и пакет производи од нашите пријатели.
Во 20:00 часот настапуваат ѕвездичките од “Весело Штурче” кои во хор ќе интерпретираат композиции од Тоше.
Од 21:00 започнува главниот сегмент од ноќта посветена на нашиот Тоше. Со unplugged изведба, концертот го отвораат Duo Bright & Lili Аcoustic.

По нив, на сцената настапуваат The Hounds со свој аранжман на неколку песни од Тоше.
Потоа настапуваат: Мартинијан Кириловски, Андријана Петрушовска, Антониа Гиговска, Бени, Дани, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Атанас Петров, Марија Данева, Виолета Арсовска & Виктор Манев, Зоран Илиев, Огнен Здравковски…
No End & Friends ќе бидат бендовска поддршка на изведувачите.
Водители: Миро Кацаров и Верица Донев (Backstage)