Го гледав „Балканкан“ под ѕвезденото небо на Скопје - Зошто ме воодушеви киното на отворено?
Времето поминато во киното на отворено ми летна за миг... И не дека не се фокусирав на филмот, но неколкупати мислите ми отидоа на друга страна.
„Хмм... требаше да дојдам порано. Или некои 2-3 пати. Колку е убаво. Леле ѕвездиве како светат... еј, задува ветер, баш е пријатно, ме освежи на жештинава“ - да, си зборувам понекогаш така сама со себе.

Додека си одевме со сестра ми, по крајот на проекцијата, ми вели:
„Го слушаше типот што се смееше погласно од ‘филмот’? Не можев да се воздржам, се смеев додека го слушав како се смее“.

Секако дека го слушав... Неговото заразно смеење, вечерта помината под ѕвезденото небо на Скопје и опуштената атмосфера беа прекрасни.
И причина поради која сметам дека Cineplexx не смее да ја прекине оваа пракса - напротив, ако ова беше тест, следната 2026 мора да имаат многу повеќе проекции - на Скопје му треба ваков вид на забава!
Повеќе фотографии:






Прочитајте и Сашко Коцев со сопругата, Ѕвезда Ангеловска со ќерката - Познатите на 20-годишнината од премиерата на „Балканкан“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело