10 месеци по смртта на Фросина Кулакова, постхумна ревија со нејзини модели во Белград на вечер посветена на мода
- Детали
- четврток, 04 септември 2025
Освен моделите на Кулакова, публиката ќе има можност да ги види и модните ревии на Душица Шалева и Ирина Тошева, а на сцената во Белград ќе блеснат и 20 македонски манекени и манекенки.

На 26 октомври во хотелот „Москва“ во Белград, ќе се одржи ексклузивна модна вечер посветена на финалето на „Топ Модел Европа Балкан“.
Овој престижен настан ќе ги обедини најдобрите манекенки, манекени и фотомодели од регионот, претставувајќи ги најперспективните таленти и најновите модни креации од Балканот.
Фросина Кулакова
На сцената ќе блеснат 20 македонски манекени и манекенки, кои ќе се борат за првото место и титулата победник.

Публиката ќе има можност да проследи и модни ревии на три реномирани македонски дизајнерки: Душица Шалева, препознатлива по своите уникатни модели од високата мода и стилистика за познати личности; Ирина Тошева, која ја освежува сцената со современ пристап и смели иновативни креации и Фросина Кулакова, со постхумна трибјут ревија, преку која ќе биде претставена нејзината најнова колекција и ќе се оддаде почит на нејзиниот исклучителен талент, уникатност и визија.
Ирина Тошева
Победниците од ова балканско финале ќе го претставуваат регионот на европското финале во Брисел, каде ќе се натпреваруваат со најдобрите таленти од целиот континент.
Жирито ќе ги оценува натпреварувачите според нивната харизма, самодоверба и умешност во претставувањето на модните креации.
„Би била многу горда ако некој од Македонија победи на натпреварот“, вели стилистката Шалева, директорка на „Топ Модел Европа Балкан“.
Душица Шалева
„Топ Модел Европа Балкан“ во Белград ветува вечер исполнета со стил, креативност и инспирација - вистински празник на модата и талентот.
Не пропуштајте ја шансата да откриете нови модни таленти и да уживате во вечер исполнета со гламур и креативност!
