Научете да шминкате како професионалец - Прва лиценцирана Академија за Make-up артисти под менторство на Дадар
- Детали
- среда, 08 октомври 2025
Првата лиценцирана Академија за Make-up артисти е создадена под менторство на познатиот шминкер Дадар, чија креативност и професионализам го поставија врвот на домашната beauty сцена. Академијата трае девет недели, со часови двапати неделно, во современо опремениот простор на Мое студио DADAR.

Академијата претставува уникатна можност за сите кои ја носат љубовта кон шминката во себе и сакаат таа страст да ја претворат во професионална кариера.
Академијата е осмислена така што им овозможува на учесниците да го совладаат целиот процес на професионално шминкање – од основните техники, преку креативни стилови и работа со различни типови кожа, до напредни вештини за модна, фото и видео продукција.

Наставата ќе се реализира под менторство на Дадар, кој ќе го пренесе своето повеќегодишно искуство и препознатлив стил на работа, заедно со гости предавачи – професионалци од светот на здравството, комуникацијата и маркетингот.
Програмата е внимателно структурирана за да им овозможи на сите учесници да стекнат и теоретски и практични знаења.

Академијата е наменета за:
Почетници без претходно искуство кои сакаат да ги совладаат основите на професионалното шминкање;
Активни шминкери кои сакаат да се усовршат и да ја прошират својата експертиза;
Сите кои ја гледаат шминката како уметност и потенцијална професија.

Академијата трае девет недели, со часови двапати неделно, во современо опремениот простор на Мое студио DADAR.
По завршување на програмата, учесниците добиваат Државен и Интернационален сертификат, признат и во земјата и во странство – потврда за нивната професионална подготвеност и квалитет.
Оваа академија не е само курс, туку вистинска образовна платформа која ги обединува страста, знаењето и искуството во една целина.

Под менторство на Дадар, учесниците ќе имаат можност да изградат стабилна основа за својата иднина во светот на убавината и шминката.
Почетокот на академијата е предвиден за 18 октомври, а последниот ден за пријавување е 16 октомври.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку веб-страницата academy.dadar.mk.
Или,можете да добиете повеќе информации на телефонскиот број 078 448 319, како и преку е-пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
