Работилница за деца од 6-9 години: Мачето Мице и магијата на читањето

Целта на оваа работилница е да се поттикне љубовта кон читањето и креативното изразување, децата да уживаат во палавштините на мачето Мице, а воедно да разговараат за вредностите проткаени во книгата, како што се пријателството, емпатијата, храброста и љубовта кон животните.

 rabotilnica-za-deca-od-6-9-godini-maceto-mice-i-magijata-na-citanjeto-01.jpg

Работилницата ќе содржи интерактивно читање и разговор (говорно изразување). Децата ќе се запознаат со пaлавото и храбро маче Мице и сите негови лудории низ домот. Ќе се читаат раскази по избор да децата, ќе се разговара за поуките од нив, нивни размислувања и искуства, со цел тие креативно да се изразат за одредена случка или поука од прочитаното.

Последниот дел од работилницата ќе има интердисциплинарен пристап, поврзување на напишаното со уметноста. Децата ќе цртаат сцени или ликови од расказите, онака како што тие ги доживеале, а потоа секое дете ќе зборува за својот цртеж. На тој начин ќе се вежба говорот, односно усното изразување.

Работилницата ја организира и води Татјана Гаврилова, авторка на книгата за деца ,,Мачето Мице’, дипломиран филолог (македонска книжевност и македонски јазик).

Наменета е за деца од 6 до 9 години, и ќе се одржи во сабота, на 8 ноември, од 12 -14 часот, во Кафе книжарница Бејкер Стрит (кај Млечен ресторан).

За повеќе детали посетете го инстаграм профилот на авторката Instagram (tatjanagavrilova). За да се пријавите за учество, кликнете ТУКА.

Најчитани неделава