„Ареа“ утре со голем концерт во СЦ Јане Сандански - 25 години „Врати на имагинација“
- Детали
- петок, 07 ноември 2025
На утрешниот концерт, кој е по повод 25 години од албумот „Врати на имагинација“ и 25 години од нивниот легендарен концерт на Саем, АРЕА за првпат ќе го отсвири целиот студиски албум во живо.

Меѓу другото, на концертот премиерно ќе се промовира и посетителите ќе можат да го набават винилното ремастерирано издание на албумот „Врати на имагинација“, а сите кои ќе го купат, ќе имаат можност да добијат потпис од бендот на официјален meet & greet.
Некои од категориите се пред распродавање, а преостанатите влезници се во продажба онлајн на avalonbooking.mk и продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.
Се гледаме на утре во СЦ Јане Сандански, сите генерации заедно да ја славиме музиката на АРЕА!