Калиопи е жена емоција - Одржа концерт за паметење во Скопје, си ја остави душата на сцена (видео)

Калиопи ѝ даваше љубов на публиката, но доби многупати повеќе за возврат. А доби и цвеќиња, подароци, плишани играчки.

Едната плишана играчка беше од гости од Хрватска, за кои Калиопи рече дека се присутни на секој нејзин концерт, каде ѝ да пее.

kaliopi-10.jpg

Па побара публиката да запее „Среќен роденден“ за жената, која рече дека се вика Рената, и ѝ ја разубави вечерта.

Во ноќта полна музика и емоции, Калиопи седна и самата на пијаното, па заедно со Маја и Јулија ја испеа „Не плачи“, со многу тага и трепет во гласот.

Да се присуствува на синоќешниот концерт на Калиопи беше привилегија. Додека го пишувам ова уште барам зборови за да го пренесам тоа што го видов, почувствував.

Затоа што Калиопи е жена емоција. Жена глас. Жена љубов.

kaliopi-06.jpg

Концертот, кој беше во организација на „Прагма продукција“, го заврши како што го почна, со многу емоција.

„Благословена сум во овој живот што толку многу луѓе ми даваат љубов. Ве сакам” - рече поп-ѕвездата.

kaliopi-17.jpg

Погледнете три видеа од магијата што ја создаде Калиопи во објавата на Инстаграм:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото и видео: CRNOBELO.com



Најчитани неделава