„Дедо Мраз дојде со воз“: Специјална новогодишна театарска претстава за деца на Железничка станица – Скопје

И оваа година ДЕДО МРАЗ доаѓа со воз на скопската железничка станица, придружуван од неговата свита.

dedo-mraz-dojde-so-voz-specijalna-novogodishna-teatarska-pretstava-za-deca-na-zheleznichk.JPG

Училиштето за театар „ОД ИГРА ДО ПРЕТСТАВА“, заедно со Македонски железници Инфраструктура и Македонски железници А.Д. Транспорт и оваа година ја продолжуваат успешната приказна што предизвика позитивни реакции кај илјадници посетители.

dedo-mraz-dojde-so-voz-0.JPG

Интерактивната претстава ќе се одржува секој ден од 20. до 30. декември 2025 на Железничката станица во Скопје, со почеток од 19 часот. Публиката го следи големото доаѓање на Дедо Мраз од Лапонија, со неговиот волшебен воз во центарот на Скопје, преку приказна која се раскажува на различни локации:

  • Музејската постановка на Македонски железници
  • Театарска претстава во салон
  • Посета не волшебниот воз и подарок од Дедо Мраз за секој посетител во вагонот

dedo-mraz-dojde-so-voz-03.JPG

Како куриозитет годинава во соработка со МЖ Транспорт, го имаме и легендарниот воз „ШПАНЕЦ“, неодамна реставриран, во кој се пренесува новогодишната волшебна магија и со која посетителите ќе може да патуваат низ Скопје и да другаруваат со ликови од претставата.

dedo-mraz-dojde-so-voz-04.JPG

Претставата ги следи патешествијата со кои се соочува Дедо Мраз пред да стигне на Железничката станица во Скопје и неговото доаѓање е неизвесно, па му треба помош од неговите Елени, Џуџиња, Снешко, но најмногу од неговите обожаватели, децата.

dedo-mraz-dojde-so-voz-05.JPG

Автор и продуцент на проектот е Миодраг Костиќ, а текстот и режијата на Игор Ивковиќ. Реставратор и автор на музејската изложба користена во проектот е дело на авторот Ванчо Милошевски.

dedo-mraz-dojde-so-voz-06.JPG

Во претставата играат актерите: Дарко Вељиќ, Андреј Серафимовски, Тодор Стојковски, Симона Петрушева, Ведра Димова, Александар Спироски, во кој се вклучени и 40ина учениците од училиштето за театар „ОД ИГРА ДО ПРЕТСТАВА“.

dedo-mraz-dojde-so-voz-07.JPG

Визуелното обликување на проектот е доверено на Бранкица Јордановска, во соработка со Горан Сачкарски. Музиката е авторско дело на Драган Илиевски, а монтажата е на Андреј Златаноски.

dedo-mraz-dojde-so-voz-08.JPG

За потребите на претставата, ќе бидат користени: ЛОКОМОТИВА создадена далечната 1942 година, серија 33 и ВАГОН што е изработен 50те години на 20. век и бил во употреба до крајот на 70. години, а сега реставриран по урнекот на „ОРИЕНТ ЕКСПРЕС“, како и од неодамна реставрираниот воз „ШПАНЕЦ“ серија 712/714.

dedo-mraz-dojde-so-voz-9.JPG

Билети може да се купат на билетарницата на Железничка станица – Скопје, секој работен ден од 12 до 19 часот.

Резервација на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., како и на телефонскиот број 075 295 905.

dedo-mraz-dojde-so-voz-12.JPG

dedo-mraz-dojde-so-voz-13.JPG

dedo-mraz-dojde-so-voz-14.JPG

dedo-mraz-dojde-so-voz-15.JPG

Најчитани неделава