Dave’s Kitchen: „Мириса на Божиќ“ - нов готвач кој го носи празникот во секој дом
- Детали
- вторник, 16 декември 2025
Празничната магија оваа година доаѓа спакувана во новиот готвач „Мириса на Божиќ“, најновото празнично и лимитирано издание на Давор Панчевски познат како Dave’s Kitchen. Овој готвач не е само збирка на рецепти, тој е приказна за домот, семејството, спомените и вкусот на празниците.

„Мириса на Божиќ“ содржи внимателно одбрани празнични рецепти – од традиционални колачи и десерти, до солени јадења совршени за Божиќната трпеза. Секој рецепт е создаден со идеја да внесе топлина, радост и мирис во секој дом.
Авторот Давор Панчевски или како што многумина го препознаваат како Dave’s Kitchen, веќе години наназад е препознатлив по своите искрени, домашни и лесно прилагодливи рецепти, а овој готвач претставува негово најемотивно и најпразнично издание досега.

Со големо задоволство, тој ги кани љубителите на добрата храна, празничната атмосфера и домашните рецепти да присуствуваат на официјалната промоција на готвачот „Мириса на Божиќ“ на две добро познати локации - Веро Центар на 20.12.2025 (сабота) со почеток од 12:00 часот; и Веро Тафталиџе - 27.12.2025 (сабота) со почеток од 12:00 часот.

На промоциите ќе има претставување на готвачот, дружење со авторот, потпишување примероци, празнична атмосфера и изненадувања.
Ова е настан за сите што ја сакаат традицијата, мирисот на празнични колачи, топлината на домот и магијата на Божиќ.
