Сара Јо не ја допеа „Ако утре ме нема“ - плаче на настап во Скопје, на Панчо му порача дека вечно ќе го сака
- Детали
- недела, 21 декември 2025
Сара, која беше голема пријателка со Панчо, пред настапот во Скопје најави дека ќе пее за него, а како почнаа првите стихови од песната на ДНК, „се скрши“ пред публиката - пееше, плачеше и во еден момент запре.

Српската пејачка Сара Јо, вчеравечер (20.12) настапи во познат клуб во Скопје и имаше одличен концерт.
Но, она на што ќе се сеќаваат најмногу сите кои беа таму, е моментот кога таа ја пееше „Ако утре ме нема“ од ДНК.

Сара, која беше голема пријателка со Панчо, уште пред концертот најави дека во Скопје ќе пее за него и напиша дека засекогаш ќе ѝ недостасува.
Таа, потоа на Инстаграм сподели и видео од проба, на кое го пее хитот од ДНК со многу емоции, па гостите со нетрпение очекуваа да ја запее песната.
„Знам дека нè гледаш и дека си горд на нас. Ќе те сакам засекогаш“ - рече Сара пред да почне да пее.

Но, како почнаа првите стихови од песната, таа „се скрши“ пред публиката.
Пееше и плачеше и во еден момент запре, не можејќи да ја допее песната.

Погледнете видеа од нејзиниот настап:https:
@macedonian_girl_19 #sarajo #live #intermezzomusicbar #skopje #akoutremenema
♬ original sound - ☆MACEDONIAN GIRL☆ - ☆MACEDONIAN GIRL☆
@macedonian_girl_19 #sarajo #live #intermezzomusicbar #skopje #akoutremenema
♬ original sound - ☆MACEDONIAN GIRL☆ - ☆MACEDONIAN GIRL☆
Кликнете за да го погледнете видеото од пробата на „Ако утре ме нема“:
А. Ј. | Црнобело