„Музичка Фабрика“: Потрагата по новите детски ѕвезди започна!
- Детали
- понеделник, 02 февруари 2026
„Музичка Фабрика“ е прв национален културно-образовен музички проект за деца во Македонија, создаден за да ја поддржи, развие и афирмира детската музичка креативност преку професионална работа и оригинална продукција. Проектот е наменет за деца од 6 до 13 години, а учеството е бесплатно.

Што е „Музичка Фабрика“?
„Музичка Фабрика“ е платформа каде талентот се препознава, а љубовта кон музиката се претвора во вистинско искуство од првите аудиции до студиска продукција и јавна промоција. Нашата мисија е да создадеме средина во која децата не само што ќе пеат, туку ќе учат, ќе растат и ќе градат самодоверба преку креативен процес.

Зошто го правиме ова?
Детската музика заслужува простор, внимание и квалитетна поддршка. „Музичка Фабрика“ се создаде од потребата да се поттикне домашната детска музичка продукција и да им се даде шанса на младите таленти да работат со професионалци и да се изразат со сопствен глас.
Што добиваат учесниците?
Проектот носи целосно заокружено музичко искуство: откривање таленти, креативен развој и професионална продукција. Посебен фокус се става на создавање оригинални песни, со што се стимулира авторството и се гради современа детска музичка сцена. Како дел од визијата на проектот, „Музичка Фабрика“ има за цел создавање на 20 нови детски авторски песни годишно и континуирана афирмација на детската музичка продукција.

Аудиции по градови и датуми
Аудицискиот караван на „Музичка Фабрика“ ќе се одржи во четири града низ Македонија:
- Струмица: 07 и 08 февруари
- Тетово: 14 и 15 февруари
- Скопје: 21 и 22 февруари
- Битола: 28 февруари и 01 март
Аудиции и пријавување
Изборот на учесници започнува со аудициски караван кој се одржува во повеќе градови низ Македонија. Пријавувањето се врши преку официјалната веб-страница на проектот, каде што сите заинтересирани родители/старатели можат да ги добијат потребните информации и да ја пополнат пријавата.

Повик до родители и деца
Ако вашето дете сака да пее, да настапува и да учи во креативна и позитивна атмосфера, „Музичка Фабрика“ е вистинското место за почеток. Ние веруваме дека секое дете заслужува можност да се изрази, а музиката е еден од најубавите начини да се изгради храброст, дисциплина и радост.
За повеќе информации и пријавување, посетете ја официјалната страница: muzickafabrika.mk.
