Активности на Сојуз на Извидници на Македонија во месец февруари

Сојуз на извидници на Македонија (СИМ) е младинска чадор организација основа во 1953. Како организација со повеќе од 70 годинии традиција и искуство преку промовирање на мир, животни вештини и позитивни вредности кај деца и млади на територија на целата држава.

dopis-do-mediumi-za-aktivnosti-na-sojuz-na-izvidnici-na-makedonija-vo-01.JPG

Денес СИМ ја спроведува својата програма речиси на целата територија на Република Северна Македонија и претставува најголема младинска чадор организација на активни 20 извиднички одреди. Во моментов на извидничките одреди на СИМ, извидничката програма следат повеќе од 3000 деца и млади. Сите извиднички одреди членки согласно извидничкиот завет и закони, практикуваат програми кои кај младите развиваат вештини и поттикнуваат градење на животни вештини.

dopis-do-mediumi-za-aktivnosti-na-sojuz-na-izvidnici-na-makedonija-vo-02.JPG

Во процесот на постигнување на целите, СИМ, како организација е членка на најголемата младинска фамилија и едукативна организација во која членуваат повеќе од 57 милиони млади, од повеќе од 180 држави и територии низ светот.

dopis-do-mediumi-za-aktivnosti-na-sojuz-na-izvidnici-na-makedonija-vo-03.JPG

Сојуз на извидници на Македонија традиционално секоја година по повод денот наизвидниците, 22 февруари, го прославува месец февруари со спроведување на:

- Кампања „Направи добро дело“ - Преку која ги индетификуваат потребите восвојата локална заедница и придонесуваат кон нејзино подобрување преку правење на добротворни кампањи, иницијативи кои се спроведуваат во текот нацелиот месец. Оваа година секоја седмица имаме посебна тема за добри дела: Направи добро дело за себе, за другите (заедницата), за околината и за културата и традицијата. Со тоа 4 недели извидниците ќе се активни во својата заедница правејќи и промовирајќи добри дела.

- Крводарителски акции - Во соработка со Црвениот крст, извидничките одреди низ целата држава организираат крводарителски акции со цел подигање на свеста за значењето на крводарувањето и солидарноста. Оваа година, централната крводарителска акција во Скопје ќе се одржи на 20 февруари 2025 година воМладински Центар Матично.

- Централна прослава - Централното одбележување ќе се одржи на 22 февруари2025 година во Кичево - каде што извидници од целата држава ќе се соберат наедно место за заедничко одбележување на Денот на извидниците, свеченодавањена извиднички завет и реализација на пригодна културно-забавна програма.

dopis-do-mediumi-za-aktivnosti-na-sojuz-na-izvidnici-na-makedonija-vo-04.JPG

 

Најчитани неделава