Неприкосновените Duran Duran со ексклузивно арена шоу во Скопје
- Детали
- вторник, 17 февруари 2026
Делува неверојатно фактот дека во моментот кога се најголеми и најпопуларни ширум светот кога е овој век во прашање (концерт во "Hyde Park" - Лондон со 80.000 посетители, големи арени ширум светот, големи фестивали низ целата планета), Duran Duran ќе свират и во Скопје, во Арена Борис Трајковски... ама, ДА - и тоа се случува ова лето!

Без конкуренција најголемиот рокенрол концерт оваа сезона во Македонија ќе се случи на 2-ри јули во Скопје со сигурно најфраерскиот бенд на светот на сите времиња - кој е истовремено и "iconic" и супер модерен и денес!
Покрај името и кариерата на Duran Duran стојат многу епитети: безброј хитови, #1 албуми, стадионски концерти и многу повеќе.
Но, според нас, нивната најголема вредност е фактот што и ден - денес, сè што прават звучи и изгледа револуционерно, како да е баш од денес.
Со глобални класици како "Hungry Like the Wolf", "Rio", "Come Undone" "Girls on Film", "Ordinary World", "Notorious"... до нивното најново издание "Danse Macabre", со повеќе од 100 милиони продадени носачи на звук ширум светот и кариера што се протега повеќе од четири децении, Duran Duran остануваат еден од највлијателните и најтрајните состави во современата музика.
Примени во Rock & Roll Hall of Fame во 2022 година, бендот е добитник на бројни меѓународни награди и продолжува да настапува како хедлајнер на најголемите фестивали ширум светот.
Влезниците ќе бидат во продажба од ЧЕТВРТОК (19 ФЕВРУАРИ) во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија
Сите информации за цените и категориите ќе бидат објавени вечерва на нашите социјални мрежи.