Владо Георгиев со голем концерт во Скопје

По четири Белградски арени, Владо Георгиев со голем концерт во Скопје.

vlado-georgiev-so-golem-koncert-vo-skopje-01.jpg

Еден од омилените балкански кантавтори, секогаш актуелниот Владо Георгиев на 20 март 2026 година ќе одржи голем солистички концерт во Скопје.

По три рекордно распродадени концерти во Белградска арена и четврт концерт на 7 март за кој побаравувачката е голема. „Господски“ концерт ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“.

На македонската публиката ќе ѝ биде претставена Господска музичка приказна што ги надминува рамките на традиционалната концертна изведба. Препознатливата комбинација од боемски сензибилитет, музичка елеганција и емоционална искреност на Владо ќе го направат овој концерт посебно искуство што ќе се памети долго време.

Ве очекува врвна изведба и звук што не е прилагоден на трендовите туку на моментот.

Влезниците се веќе достапни во продажба на ddtickets.rs

Најчитани неделава