Сенидах го размрда Скопје на 14 февруари - Моќен концерт со трубачи, ги крена Македонците на нозе
- Детали
- четврток, 19 февруари 2026
Енергична на сцената, моќна во своите изведби, со впечатлив стајлинг и глас кој не можете да го заборавите, Сенидах „го покори“ Скопје и покажа зошто е една од најдобрите во моментов.

Регионалната ѕвезда Сенидах, која низ годините често настапуваше во македонските клубови, минатиот викенд одржа голем концерт во Скопје.

Како датум таа го избра 14 февруари, денот на виното и денот на љубовта, па со неколкуилјадната публика во салата „Јане Сандански“ ширеше и добра енергија и многу љубов.

Енергична на сцената, моќна во своите изведби, со впечатлив стајлинг и глас кој не можете да го заборавите, таа „го покори“ Скопје и покажа зошто е една од најдобрите во моментов.

Додека се редеа хитовите, дел од нив испеани во придружба на трубачи, публиката пееше со Сенидах, скокаше, ја следеше во чекор.

Присутните создадоа спомени кои ќе ги раскажуваат меѓусебе и на оние кои не беа таму, зашто концертот на Сенидах требаше да се доживее, да се почувствува...

Концертот на Сенидах во Скопје беше во организација на SkyMusic продукција.

А. Ј. | Црнобело / Фото: Никола Грнчаров