Кога ќе се емитува „Златна Бубамара 2026“ на телевизија?
- Детали
- вторник, 03 март 2026
Дали и вие со нетрпение ја чекате „Златна Бубамара 2026“ на телевизија? Што видовме таму и кој ден ќе можете да ја погледнете на телевизија апсолутната забава што ни беше приредена во 3 и пол часа?

На 26-ти февруари се одржа 29-тото издание на „Златна бубамара на популарноста“ во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Беше ветена апсолутна забава и токму таква ни беше приредена, можеби дури за првпат со толку многу ѕвезди од регионот и светски имиња.

Но, кога ќе може да ја гледате нашата најдобра манифестација на телевизија?
„Снимката на овогодишното 29 издание ќе можете да ја гледате на Канал 5 и да ја слушате на Радио Бубамара во недела, 8 Март, со почеток во 19.45“, објавија на официјалниот сајт на Радио Бубамара.

Златната Бубамара во пресрет на големиот јубилеј следната година, по повод 30 годишнината, оваа година дефинитивно го имаше своето најинтернационално издание, со бројни гости од земјата, регионот и светот.

Не пропуштајте го најгледаното шоу и настанот на годината, кое се одржа под мотото „Апсолутна власт – апсолутна забава“.
Прочитајте и што сè ве очекува „Бев на Златна Бубамара 2026 - Игор нè доведе до солзи за ангелите од Кочани, Сашко Коцев не се појави“
С. С. | Црнобело
Фото: Александар Ристовски