Тања Кочовска се прекачи преку ложа на сцена – Низ публиката на „Глумците пеат“ 2026 (фото)
- Детали
- среда, 25 март 2026
Тања Кочовска понесена од атмосферата, покажа колку е природна и спонтана, па се прекачи од ложата во публика на сцена, Нина Ред и Огнен Јанески ги коментираат со восхит настапите, Зорица Поп Панкова запеа од публика кога Антонио Ташковски ја најави како „вистинската диско девојка“, а Лозано го следeше шоуто со саканата - што се случуваше низ публиката на „Глумците пеат“ 2026?

Првата вечер од „Глумците пеат“ се одржа вчеравечер во Македонскиот народен театар во Скопје, а вечерва ќе се одржи втората вечер.
Глумците приредија вистински спектакл на театарската сцена, со своите оригинални настапи, костими и талент кој мора да се доживее.
Ги покажаа своите пејачки способности, умешни се и во танцување, а во секој настап се одвиваа и мини актерски сцени со кои ја воодушевуваа, но и засмејуваа публиката.
Двочасовното шоу во ниту еден момент не стана монотоно, а сите во публика беа со насмевка на лицето, добро расположение и силен аплауз кој траеше за нашите извонредни актери.
Прочитајте повеќе: Емилија Мицевска со голо трудничко стомаче, Рубенс Муратовски пееше со синовите - Како си поминав на „Глумците пеат“ 2026?
Во еден момент, понесена од атмосферата, Тања Кочовска уште еднаш покажа колку е природна и спонтана, па ги насмеа сите кога се прекачи преку ложата од публика, за да дојде до бината и со емоции да ја испее „Љубов запеј ни“ заедно со Сања Арсовска, Катерина Јовановиќ, Владимир Петровиќ и Антонио Ташковски.
Зорица Поп Панкова стана и запеа, кога Антонио ја здогледа неговата наставничка во публика, а ја претстави како вистинската „диско девојка“ по изведбата на „Диско пар“.
Во публика беше и нашиот пејач Влатко Лозаноски со својата сакана, а беа уловени и Нина Ред како заедно со Огнен Јанески се воодушевуваат на настапите и си ги коментираат.
Погледнете повеќе фотки низ публиката на „Глумците пеат“ 2026:
М. М. | Црнобело
Фото: Александар Ристовски
