Јасмина Јошевска промовираше 2 книги - средствата од продажбата ги донира за деца болни од канцер
- Детали
- петок, 27 март 2026
Во неделата на 22.3.2026, во хотелот Лимак Скопје се одржа исклучителен хуманитарен настан организиран од авторката Јасмина Јошевска, под мотото „Две книги, една хумана цел“.

Со промоција на две нови книги, и тоа сликовницата за деца „Малиот херој“ и книгата „Пулс на егото“.

Сите собрани средства од продажбата на книгите ги намени за купување лекови за децата болни од канцер на Клиниката во Скопје.

Настанот го збогатија наши музички имиња како Тамара Грујеска, Нела Манческа, а по детскиот дел настапија бендот Скопје Виа, Благојче Трајковски, Даниел Данн, Коки Петрушев, Филип Пецовски и други уметници.
Повеќе фотографии:






