Ќерката на Светле и Мики Црнокрак и уште 2 наши девојки триумфираа на Мiss & Мodel Тeen Galaxy 2026
- Детали
- четврток, 09 април 2026
Минатиот викенд во Банско, Бугарија се одржа финалето на изборот за Мис и модел на Галаксијата за тинејџерки за 2026, на кој нашата држава имаше три претставнички.

Тие направија фантастичен успех освојувајќи титули секоја во својата возрасна категорија.
14годишнина Нина Црнокрак и 17-годишната Лина Настевска победија во конкуренција на модели, а 15-годишната Ангела Ваневска победи во конкуренција на мис.

Финалето на изборот се одржа во Националниот Театар во Банско.
Нашите девојки се претставија во фустани специјално изработени за нив за изборот од Наташа Ал Апарел, Атеље Жана, Елена Лука и Атеље Ленче. Фустанот на Елена Лука кој го носеше нашата убавица Лина Настевска победи во конкуренција на вечерни тоалети.

Трите наши убавици се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален избор за убавина и модели.

Изборот се одржа во организација на "INTERSOUND", најстарата модна агенција во Бугарија.
Повеќе фотографии во продолжение:







