Пријавете се на FreedomRun Кочани - за генерациите што доаѓаат
- Детали
- четврток, 16 април 2026
Нов спортско-културен настан што за првпат ќе се одржи во Кочани, со цел промоција на здрави животни навики, локалните природни убавини и симболиката на слободата и заедништвото.

PATH OF FREEDOM trail – Кочани
- 4 јули (сабота)
Старт / Финиш: Споменик на слободата – Кочани
Должини:
- ~11,5 km (trail / земјена патека)
- ~6 km (trail – рекреативна рута)
Старт: 17:00 ч
Временски лимит: 2 часа
Со цел дополнително збогатување на настанот покрај главната 11,5 km траса, ќе биде достапна и пократка рута од 6 km, наменета за сите љубители на движење во природа, рекреативци и почетници.
И двете патеки:
- започнуваат од Споменикот на слободата
- се движат низ природна и автентична околина
- завршуваат на истата локација, со заедничка атмосфера и прослава
Ова овозможува секој да биде дел од искуството – без разлика на форма, искуство или ниво на подготвеност.
PATH OF FREEDOM TRAIL не е само спортски настан, туку искуство:
- спој на спорт, природа и култура
- промоција на Кочани како дестинација за активен туризам
- инклузивен настан отворен за рекреативци и искусни тркачи
- завршница со DJ sunset experience
Цели на настанот
- Поттикнување на физичка активност и здрав начин на живот
- Афирмација на природните и културните вредности на Кочани
- Создавање нов, препознатлив спортски бренд
- Активирање и јакнеење на локалната заедница и младите
Патеката
Има две опции: главна trail траса (~11,5 km) и пократка рекреативна (~6 km), двете со старт и финиш кај Споменикот. Подолу е опишан профилот на главната траса.
Трката започнува кај Споменикот на Слободата, симболично место што ја дава почетната енергија на настанот.
Од стартот се трча низ мало маало, каде атмосферата е жива и динамична, а потоа трасата продолжува преку три рида, со брановиден профил што го поставува ритамот уште од почеток. Следува дел кон реката, каде патеката станува порамна и побрза, па продолжува покрај летниковците. Преминот преку мостчето ја означува средината на трасата – половина од рутата. Од тука тркачите се враќаат по истата патека назад.
Локација
Старт и финиш: Споменик на слободата, Кочани.
Настанот се одржува на 4 јули 2026, со старт во 17:00 ч. До локацијата можете да стигнете со возило или пешки од центарот на Кочани.