„Today It’s All About jJazz — VOL.10“ ќе се одржи на 30 април во Скопје
- Детали
- вторник, 28 април 2026
Националниот џез оркестар на 30 април во Скопје по десетти пат го организира фестивалот „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“, по повод Меѓународниот ден на џезот.
Главната програма е закажана за 30 април во паркот „Ибни Пајко“, со настапи на домашни и странски изведувачи:
ПРОГРАМА – 30 АПРИЛ | ПАРК „ИБНИ ПАЈКО“
· 16:00 | PEACH VICE (МК)
· 17:15 | NEXT TO SILENCE (МК)
· 18:30 | ARNAU GARROFÉ: “FRANTIK ZEN” (ES/BG)
· 19:45 | JACO LIVES! – Национален џез оркестар & Dane Alderson (MK/USA), диригент: Sigi Feigl (AT)
· 21:00 | ЛЕБ И СОЛ (МК)
Во рамки на фестивалот ќе се одржи и едукативната програма за деца:
29 април | 12:00 | Парк „Фредерик Шопен“
Работилницата се реализира во соработка со Општина Кисела Вода и е наменета за деца и ученици кои преку игра, импровизација и музика ќе се запознаат со светот на џезот.
Меѓународниот ден на џезот е прогласен од UNESCO во 2011 година, по иницијатива на Херби Хенкок, и се одбележува во повеќе од 190 земји.
Настанот е поддржан од Халкбанк АД Скопје и СКОПСКО.
Во случај на неповолни временски услови, концертите на 30 април ќе се одржат во салата на Македонската филхармонија.
Влезот е слободен.