Јован и Елвир ги најавија гостите за концертот кој не треба да го пропуштите
- Детали
- понеделник, 04 мај 2026
Јован и Елвир и претходно најавија неколку музички гости, а сега ги открија и нивните имиња - на сцената со нив ќе се појават и Пајак, Тони Зен, Маја Саздановска, Адријан Гаџа од Македонија, а од регионот Слаѓа Делибашиќ и Џус, но и специјален гостин изненадување (чие сценско име почнува на буквата В).

До еден од најочекуваните музички настани оваа сезона, концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, останува уште само еден месец - ќе се одржи на 6 јуни во арената Борис Трајковски.
Двајцата музичари, кои одбележаа цела една ера на македонската сцена, на големо се подготвуваат за концертот кој ќе биде исполнет со хитови, носталгија, емоции и врвна продукција.

Јован и Елвир и претходно најавија неколку музички гости, а сега ги открија и нивните имиња - на сцената со нив ќе се појават и Пајак, Тони Зен, Маја Саздановска, Адријан Гаџа од Македонија, а од регионот Слаѓа Делибашиќ и Џус, но и специјален гостин изненадување (чие сценско име почнува на буквата В).
Концертот веќе предизвикува огромен интерес кај публиката , а билетите, кои се во продажба преку MKTickets, брзо се распродаваат и веќе се во ограничен број.

Концертот е замислен како „Сензација во бело“, а Јован и Елвир се надеваат дека публиката ќе го следи дрес-кодот на вечерта и ќе дојде облечена во бела гардероба за уникатна визуелна атмосфера.
Не го пропуштајте концертот на 6 јуни - настан на кој старите друштва ќе се сетат на времето кога излегувале во диско, родители кои со носталгија ќе ги пеат хитовите на Елвир и Јован со своите деца, тинејџери кои на ТикТок снимаат видеа со нивните песни! Ова е еден концерт за цела Македонија и за сите генерации.
