Диригентот Владимир Димовски повторно ќе запее на сцената на „30 години СИ-ДО“

На 7 мај во Центарот за култура – Битола ќе се одржи свечениот концерт „30 години СИ-ДО“, настан посветен на една музичка приказна која остави силен белег кај повеќе генераци.

dirigentot-vladimir-dimovski-povtorno-kje-zapee-na-scenata-na-30-godini-si-do-01.JPG

Концертот ќе се реализира заедно со Оркестар DIVA, кој овојпат ќе им даде нов оркестарски сјај на песните што публиката ги памети од пред 20 и 30 години. На сцената ќе настапат оригиналните изведувачи, кои повторно ќе ги отпеат хитовите со кои многумина пораснаа, создавајќи вечер исполнета со носталгија, емоции и спомени.

Посебен и можеби најнеочекуван момент на концертот ќе биде настапот на Владимир Димовски. Денес публиката најмногу го препознава како диригент, продуцент, аранжер и уметнички двигател зад Оркестар DIVA, и основач на НУ Камерен Оркестар на Битола човекот кој во изминатите години стои зад голем број уникатни концертни проекти, спектакли и музички концепти што донесоа поинаков пристап на македонската сцена.

dirigentot-vladimir-dimovski-povtorno-kje-zapee-na-scenata-na-30-godini-si-do-02.JPG

Но, пред диригентската палка, големите оркестарски продукции и проектите по кои денес е препознатлив, Владимир Димовски имал и едно поинакво музичко поглавје. Малкумина знаат дека тој бил дел од приказната на СИ-ДО и дека во 1995 година ја испеал песната „Кети, Кети“ песна која остана дел од музичките спомени на една генерација.

Денес, Владимир воопшто не се појавува како вокален изведувач. Неговото име најчесто се поврзува со Оркестар DIVA, со големи концертни сцени, оригинални аранжмани и проекти кои ја поместуваат границата меѓу класичната, популарната и современата музика. Затоа неговото повторно пеење на „Кети, Кети“ по толку години ќе биде потсетување дека зад секоја голема музичка приказна стојат почетоци, спомени и песни кои никогаш целосно не се забораваат.

dirigentot-vladimir-dimovski-povtorno-kje-zapee-na-scenata-na-30-godini-si-do-03.JPG

„30 години СИ-ДО“ ќе биде враќање во едно време кога песните се слушаа поинаку, кога се паметеа стиховите и кога музиката стануваше дел од секојдневието на младите генерации.

Овој настан доаѓа во период кога Оркестар DIVA бележи исклучително активна концертна сезона. На 1 мај во Охрид, со проектот „MTV The Greatest Hits“, оркестарот настапи пред полна сала и беше пречекан со силен аплауз, овации и публика која играше и пееше заедно со изведувачите. Тоа уште еднаш потврди дека проектите на Оркестар DIVA се вистински музички доживувања кои ја обединуваат публиката.

dirigentot-vladimir-dimovski-povtorno-kje-zapee-na-scenata-na-30-godini-si-do-04.JPG

По битолскиот концерт, Оркестар DIVA продолжува со уште еден храбар и целосно поинаков проект. На 13 мај во МКЦ Скопје, публиката ќе има можност да го доживее „Industrial Symphony“ – алтернативен, енергичен и моќен концертен концепт со музика од Prodigy, Rammstein, Chemical Brothers и други светски имиња, во оркестарска изведба каква ретко се гледа на нашата сцена.

Билетите за сите концерти на Оркестар DIVA можат да се најдат на yournextevent.info, како и во продажната мрежа на Тобако Dimpo во Битола.

Најчитани неделава