Финска прва на обложувалниците, гласини дека победата им е веќе наместена - Кои се фаворити за победа на Евросонг 2026?
- Детали
- петок, 15 мај 2026
На Твитер се споделува коментар од маж кој тврди дека работи како обезбедување на Евровизија и дека финската делегација платила 16 милиони евра за да си ја осигури победата.

Оваа недела во Виена, Австрија, се одржува 70-тото издание на Изборот за песна на Евровизија, а победникот ќе биде познат утре, 16.05,кога ќе се одржи големото финале.

И оваа Евровизија, како и неколкуте пред неа, беше во знакот на скандали, на пример тоа што 5 земји го откажаа учеството затоа што на Израел му беше дозволено да се натпреварува.
Годинава има силни критики и за водителите, особено за Мајкл Островски, за кого велат дека е „најлош во историјата на Евросонг“.

А пред финалето, една од главните теми е кој ќе победи.
На обложувалниците на првото место котира Финска и многупати досега се покажа дека овие предвидувања се точни.

Но, интересно е што на Твитер се споделува коментар од маж кој тврди дека работи како обезбедување на настанот и дека знае дека победата е наместена за Финска уште пред првото полуфинале.
