Концертот на Дејвид Гета е распродаден за помалку од 12 часа - 50.000 луѓе ќе се забавуваат во Скопје
- Детали
- петок, 15 мај 2026
„93% од влезниците се продадени на корисници од Македонија, додека останатите 7% се продадени на корисници ширум светот“, велат од Авалон, откако билетите за настапот на Гета се продадоа во рекордно време.

Откако денеска (15.05) беа пуштени 50.000 влезници за концертот на Дејвид Гета во Скопје на 8 септември, од Авалон продукција потврдија дека тој е распродаден.
Сите билети се продадени за помалку од 12 часа.
Во објавата пишува:
„Ве информираме дека официјално е распродаден целиот капацитет на Арена „Тодор Проески“!
Продадени се 50.000 влезници во помалку од 12 часа!
Повеќе од 250.000 луѓе, голем дел од нив во ист момент, се приклучија на avalonbooking.mk, што предизвика потешкотии при логирањето и купувањето влезници кај дел од корисниците, земајќи предвид дека побарувачката евидентно го надмина капацитетот и бројот на достапни влезници.

Секој што има купено влезници ќе го добие својот PDF со влезниците најдоцна до недела (17 мај) имајќи предвид дека станува збор за 50.000 влезници кои треба да бидат процесирани.
Би сакале да нагласиме дека статистиката покажува дека 93% од влезниците се продадени на корисници од Македонија, додека останатите 7% се продадени на корисници ширум светот.
Се гледаме на 8 септември во Арена „Тодор Проески“!
За потсетување, билетите чинеа 35 денари, симболично за 35-годишнината од независноста на Македонија.
А. Ј. | Црнобело