6 мажи ја вртат „собата“, светло мајстор трча околу неа - Како изгледаше настапот на Дара во живо, а не се гледа на ТВ? (видео)
На Твитер е објавен и моментот од реакцијата на публиката во салата кога Дара беше прогласена за победник, но и како жена во ТВ-преносот преку знаковен јазик ја толкува нејзината песна.
Освен Дара, уште неколку настапи изгледаа импресивно во салата (а не можете да ги видите во преносот).
Па така, на Твитер се споделува видео од настапот на Финска, каде се гледа маж кој седи скриен на сцената и се грижи за фустанот на виолинистката Линда Лампениус.
А ако се прашувавте како една од членките на хрватската група „Лелек“ лебди во воздух, погледнете го видеото од тоа како ја подготвуваат на сцената за настап.
@aerialviewworld #eurovision #eurovision2026 #croatia #croatia🇭🇷 #vienna
♬ Andromeda - LELEK
Погледнете го и настапот на Малта од салата, каков што не се гледа на телевизија.
А. Ј. | Црнобело