Ја пречекаа како хероина во Бугарија, претходно ја исмејувале, сопругот ѝ бил поддршка – Сè за Дара, победничката на Евровизија 2026

Откако победила на Националниот избор во Бугарија, претрпела онлајн омраза и јавен линч, била анксиозна и сакала да се откаже, а со емоции откри дека сопругот ја поддржал и ја натерал да оди на Евровизија, каде освои историски триумф и им ги затвори устите на сите. Што знаеме за Бугарката Дара, за кариерата, приватниот живот, но и кое е значењето на песната „Bangaranga“, со која ја освои Европа?

ja-prechekaa-kako-heroina-vo-bugarija-prethodno-ja-ismejuvale-soprugot-i-bil-poddrshka-se-za-dara-pobednichkata-na-evrovizija-2026-01.jpg

На финалето на Евровизија се случи неочекуван пресврт, кога при крајот на гласањето, претставничката на Бугарија доби 204 поени од жирито и уште 312 поени од публиката, кои беа пресудни за да го симне Израел од престолот.

Бугарката Дара заслужено ја освои победата со песната „Bangaranga“, а во неделата беше пречекана како хероина на аеродромот во Софија.

Нејзините обожаватели, но и целиот народ горд на победата, со врескање чекаа да се појави пејачката, а кога дојде со пехарот, пуштија куп златни конфети додека сите заедно се радуваа на историскиот успех.

Погледнете видеа од пристигнувањето на Дара и свечениот пречек:

По убедливата победа, сите се горди на Дара, но, неколку месеци претходно, кога победи на Националниот избор за песна на Евровизија во Бугарија, таа трпеше булинг и беше исмејувана.

Кратко по изборот, Дара беше мета на онлајн критики и омраза преку коментари, се споделуваа лажни скриншоти и се пишуваше дека резултатите биле наместени.

Целата таа негативност насочена кон неа, допрела силно до пејачката, која дури во еден момент сакала да се откаже и да не оди на Евровизија, бидејќи јавниот линч целосно ја скршил.

Сепак, таа успеала да се избори, со помош на семејството и сопругот, се охрабрила и реши да се појави така што ќе им ги затвори устите на сите носејќи им историска победа.

„Веднаш по освојувањето на победата на Евровизија, Дара со треперлив глас, искрено призна дека нејзиниот сопруг ѝ бил најголема поддршка:

„На почетокот не бев сигурна дали сакам да дојдам или не, бев анксиозна и се сомневав во себе, а тој беше оној што ме турна и ми рече:

‘Мораш да одиш веднаш на Евровизија, земи го телефонот, јави им се и кажи дека одиш’.

Заради моето семејство, заради него, и љубовта која ја добивам, затоа сум тука.

Најважното нешто научено од целото ова искуство е да се биде на вистинското место, со отворено срце, да се биде благодарен на Бог за сè што ни дал.

Неверојатно е, ова е првата победа на Бугарија на Евровизија“.

Повеќе факти за Дара, кариерата, приватниот живот и за значењето на песната „Bangaranga“, на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Дара Бубамара со гаф во „Ѕвездите на Гранд“: „Ми личиш на Северина“ - ѝ рече на бившата снаа на Кеба... Видеото од непријатната ситуација е хит на Инстаграм: „Мене ми беше одлична, ама...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Дара Бубамара (50) има нов помлад дечко - се возат во кабриолет на Миконос, па на јахта во Црна Гора Од луксузни одмори до слободно покажување дека се во врска пред српските папарац...

Најчитани неделава