Бугарската претставничка победи на Евровизија 2026 – Израел на второ место
Вечерва во Виена се одржа 70-тото издание на Евровизија, а победник е претставничката на Бугарија, Дара, со песната Bangaranga.

Неделава во престолнината на Австрија, се одржуваше 70-тото издание од Изборот за песна на Евровизија, а вечерва се одржа големото финале во кое се претставија 25 земји.
Победата според гласовите ја освои Бугарија со вкупно 516 поени, од националните жири комисии беа на прво место со 204 поени, а публиката ја потврди убедливата победа со уште 312 поени. На второто место заврши Израел, со вкупно 343 поени.
Гласови од публика:
- Австрија 5 поени
- Велика Британија 0 поени
- Литванија 12 поени
- Германија 0 поени
- Шведска 16 поени
- Белгија 0 поени
- Србија 52 поени
- Кипар 34 поени
- Молдавија 183 поени
- Хрватска 71 поен
- Украина 167 поени
- Албанија 85 поени
- Романија 232 поени
- Грција 147 поени
- Малта 8 поени
- Чешка 9 поени
- Норвешка 19 поени
- Израел 220 поени
- Полска 17 поени
- Италија 147 поени
- Финска 138 поени
- Франција 14 поени
- Данска 78 поени
- Австралија 122 поени
- Бугарија 312
Слушнете ја победничката песна:
Инаку, годинава 5 земји го откажаа учеството во знак на бојкот затоа што на Израел му беше дозволено да се натпреварува, а една од земјите е и Шпанија, која вообичаено е во големата петорка директно во финале.
Од нашите соседни земји, сите 4 учеснички, Србија, Бугарија, Грција и Албанија, се пласираа во финалето.
Од екс-Ју земјите, во финалето не влезе само Црна Гора, a покрај Србија, и Хрватска имаше свој претставник на финалната вечер.
Македонија пак, четврта година по ред не учествуваше, а наш последен претставник беше Андреа Коевска во Торино, 2022.

Пред финалето, на обложувалниците, на првото место котираше Финска и многупати досега се покажа дека овие предвидувања се точни, но не и оваа година.

На второ место според обложувалниците, но и фаворит на публиката, беше претставничката на Австралија, Делта Гудрем.

На третото место беше Грција, која имаше 7% шанса за победа (според обложувалниците), а 7% за победа имаше и Израел.

М. М. | Црнобело