Ана Петановска и Дадо Топиќ победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Една од најталентираните млади македонски пејачки и легедарниот хрватски рокер од Црна Гора се враќаат со прва награда за песната „Небо“, чија музика ја напиша Григор Копров , текстот е на Дадо Топиќ, а аранжманот е на Стефан Петановски, братот на Ана.

ana-petanovska-i-dado-topikj-pobedija-na-festivalot-biser-na-jadranot-vo-tivat-01.jpg

„Прва награда, „Златен Бисер” на овогодинешниот „Бисер на Јадранот“ за песната “Небо” со Дадо Топиќ, емоциите се тука.

Ви благодарам од срце мили луѓе, за сите коментари, желби, честитки и несебична поддршка . Огромна благодарност до фестивалот, Дадо Топиќ и Григор Копров за искрениот ветер во грб и за целиот ангажман“, вели Ана Петановска.

ana-petanovska-i-dado-topikj-pobedija-na-festivalot-biser-na-jadranot-vo-tivat-03.jpg

“Мотото на фестивалот годинава беше „Тиват го спојува регионот“, и навистина беше така, со многу мои драги колеги се дружев деновиве.

Песната „Небо“ која ја пеев со Ана ми се допадна „на прва топка“, нејзиниот глас е реткост во денешно време.

Без оглед на тоа колку награди сум добил, на секоја ѝ се радувам како да ми е прва“, рече Дадо Топиќ.

ana-petanovska-i-dado-topikj-pobedija-na-festivalot-biser-na-jadranot-vo-tivat-02.jpg

Григор Копров и Дадо Топиќ се стари пријатели и соработници. Во 2023 и 2024 Топиќ беше гостин на фестивалот „Охрид фест-Охридски трубадури“, чиј директор е македонскиот композитор.

Лани, Топиќ во Охрид прослави 60 години кариера и ја изведе песната „Македонија“. Годинава, „Охрид фест“ ќе се одржи на сцената на „Долни Сарај“ на 29 и на 30 август.                                                                                                                              

Фото: Зоран Радоњиќ

Би можело да ве интересира:

„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Елвир Мекиќ ѝ подари нов музички „Дијамант“ на својата публика Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува с...
Драгана Јовановска ја објави „Лага“ — нова песна со модерен звук и моќен тим зад себе (видео) Македонската музичка сцена периодов не запира — нови проекти, свежи песни и моде...
Тамара Тодевска и Игор Џамбазов повторно имаат добитна комбинација: Саканиот Лука и цела естрада во ... Од Катарина Ивановска, Мартија Станојковиќ, Лара и Пајак, Зоки Бејбе, Весна Петр...

Најчитани неделава