Тамара Тодевска и Игор Џамбазов повторно имаат добитна комбинација: Саканиот Лука и цела естрада во спотот за „Лавиринт“
Од Катарина Ивановска, Мартија Станојковиќ, Лара и Пајак, Зоки Бејбе, Весна Петрушевска, Тино и Атанас - голем дел од естрадата се појавува во новиот спот на Тамара Тодевска. Но, во видеото за „Лавиринт“ се појавуваат и нејзините деца, партнерот Лука Радовиќ, татко ѝ, мајка ѝ, сестра ѝ Тијана...

Тамара Тодевска уште еднаш ја израдува својата публика, овој пат со дуетската песна направена со Игор Џамбазов, „Лавиринт“.
На почетокот на видеото како специјални гости се појавуваат Игор и Тијана, па Игор се жали дека ѝ го позајмил џипот на Тамара за да сними спот, ама му го вратила „уништен“.

„Она жива е?“ - прашува загрижено Тијана.
„Она жива е, џипот не е жив“ - одговара „налутено“ Игор.

Музиката ја направи Тамара со Роберт Билбилов, а текстот и овој пат мајсторски го спакува Џамбазов.
А во спотот се појавува цела естрада: Катарина Ивановска, Мартија Станојковиќ, Лара и Пајак, Зоки Бејбе, Весна Петрушевска, Тино и Атанас, Сара и Димитар со децата, Сергеј Варошлија, но и децата на Таамара - Хана и Дарен, нејзиниот партнер Лука Радовиќ, татко ѝ Велко, мајка ѝ Брана...

„Среќна сум што успеав да спојам голем број на значајни луѓе за домашната културна сцена во еден видео запис.
Верувајте дека договорањето одеше навистина брзо, едноставно и со сите успеавме да снимиме за неполн ден.
Речиси сите учесници се и мои блиски пријатели и навистина им благодарам што ја прифатија поканата и успеа да се адаптираат за потребите на „Лавиринт“.

Идејата на ова „обединување“ беше за да се потсетиме малку на минатото, кога дружбите меѓу колегите и уметниците беа секојдневни и многу позастапени од денеска.
Да се почитуваме, да соработуваме и да споделуваме квалитетна музика“, вели Тамара.

Погледнете го видеото за „Лавиринт“:
А. Ј. | Црнобело