Четкар третпат настапи во најпопуларниот џез клуб во Будимпешта - одлична атмосфера и забава
- Детали
- вторник, 02 јуни 2026
Минатата сабота (30 Мај), Владимир Четкар концертно се претстави во Будимпешта во најпопуларниот унгарски џез клуб, Budapest Jazz Club.

Ова е трет по ред настап на Четкар на ова место во кое редовно настапуваат некој од најпознатите имиња на европскиот и американскиот џез.

Особено интересно е да се спомне дека на истиот ден и во истиот момент во Будимпешта се одржуваше и големото фудбалско финале на Лигата на шампиони и беше огромен предизвик успешно да се одржи овој концерт токму
поради огромната фудбалска еуфорија која владееше во градот.

Сепак за среќа сè се заврши одлично, а концертната сала беше преполна благодарение на верните унгарски фанови кој низ годините внимателно ја следат и подржуваат работата на Четкар преку нивните национални и специјализирани
радио станици меѓу кој Petofi Radio, Jazzy Radio и т.н.

Преку сликите (Photo Credits Sandor Gulyas & Maya Chose) во прилог и видео линкот подолу ви пренесуваме дел од атмосферата таа вечер.