Антониа Гиговска како римска божица на промоцијата на албумот - Ја донесоа во кочија, среќна го бакнува синот (фото)
- Детали
- понеделник, 08 јуни 2026
„Идејата за целиот стајлинг е на Роберт“, кажа Антониа за CRNOBELO.com, која блескаше во бела креација и впечатлив накит на промоцијата на својот нов албум.

Во прекрасна атмосфера, пред најблиското семејство, но и бројни музичари, пријатели, соработници и новинари, Антониа Гиговска вчеравечер го промовираше својот втор албум, „Жена“.

Облечена во стилот на римска божица, во бел фустан и впечатлив златен накит, таа блескаше.

Меѓу гостите се појави во бела кочија која ја влечеа пет мажи.

А потоа, кога запеа, пред сцената излезе нејзиниот син Киан, кој играше и уште еднаш покажа дека ѝ е најголем фан.

Роберт, сопругот на Антониа, кој беше облечен во бело-златна креација, и потполно се надополнуваше со стилот на пејачката, го качи нивниот син на бината, па Киан продолжи да игра со нив.

Антониа неколкупати го гушкаше и бакнуваше и ја покажа својата мајчинска љубов.

Од друга страна, како ѕвезда на вечерта, таа се дружеше со колегите, се фотографираше со нив, споделуваше љубов...

Пред промоцијата, имаше и мини прес конференција, а на прашањето за стајлингот, за CRNOBELO.com кажа:
„Идејата за целиот стајлинг е на Роберт, а фустанот го изработи Дејан Сидор. Роберт ми е најголемата поддршка во кариерата и среќна сум што го имам покрај себе“.
