Како беше зад сцената на концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ (забавни моменти што публиката не ги виде)?
- Детали
- понеделник, 08 јуни 2026
CRNOBELO.com беше зад сцената и снимивме кратко видео од подготовките пред да излезат на бината, сликањето со фановите, како се забавуваа нивните колеги, но и од енергијата во бекстејџот - Што не можеше да види публиката на концертот на Јован и Елвир?

Кога пред повеќе од 20 години се појавија на сцената, Јован Јованов и Елвир Мекиќ поставија нови темели на модерната музика кај нас.
Пред два дена, со концертот во Скопје, се вратија позрели, посамоуверени и направија спектакуларно шоу, кое ги крена на нозе сите во публика.

За нивниот концерт се зборува и денес, два дена по неговото завршување, а коментарите како „светско“, „совршено“, „носталгично“, „емотивно“, „најдобриот концерт кај нас“ не престануваат.

CRNOBELO.com имаше можност да ѕирне и зад сцената и снимивме кратко видео од подготовките пред концерт, сликањето со фановите, како се забавуваа нивните колеги покрај бината, но и од енергијата во бекстејџот.

Кликнете и видете неколку кадри кои публиката не можеше да ги види додека траеше концертот на Јован и Елвир:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело