Што облекоа гостите + дел од атмосферата на модната ревија на Љупка Митрова во Скопје
- Детали
- вторник, 23 јуни 2026
Ревијата ја отвори Катарина Ивановска, а како манекенки се појавија Тамара Тодевска и Ксенија Николова. Меѓу гостите издомонира Калтрина Круезиу со „гол“ црвен фустан, Сергеј Варошлија под палтото носеше блуза од циркони иста како фустанот на Љупка Митрова, а во бело блеснаа и едни од најзгодните Македонки - Наташа Фигурела и Маја Глигоровска.

Модната инфлуенсерка и сопственичка на модното студио Mitroff, Љупка Митрова, вчеравечер ја одржа својата прва ревија во Скопје и ја претстави најновата колекција „Гола меморија“.


Во пријатна атмосфера, на зајдисонце, гостите беа пречекани со звуците на пијано на Јордан Петрушевски, а потоа атмосферата ја загреваше Иван Наумовски, кој додека пееше, шеташе меѓу гостите, наздравуваше, а потоа и заигра заедно со постарата ќерка на Љупка, која, пак, беше облечена во креација од мајка ѝ.


Ревијата ја отвори Катарина Ивановска, која само што зачекори меѓу гостите, ги привлече сите погледи кон себе, а со својот став, начин на движење и насмевката, покажа зошто и денес е неприкосновена во својата работа, но им одржа лекција и на помладите за тоа како треба да се однесуваат на писта.


Меѓу манекенките на ревијата беа и писателката Ксенија Николова, која носеше венчаница, но и Тамара Тодевска, која дури и „заигра“ во кореографијата на Vogue, песната од Мадона која одеше во позадина додека таа чекореше на пистата.


Откако Катарина ја затвори ревијата, на пред гостите се појави Љупка, во блескав фустан од циркони, придружувана од Сергеј Варошлија, кој под палтото носеше „маичка“ изработена од истите циркони.


Гостите, пак, во поголемиот дел го испочитуваа дрес кодот, кој беше бело (или нијанси на крем и беж), или пак беа поканети да носат креација од Mitroff, доколку имаат.
Бојана Тевчева, Наташа Фигурела и Маја Глигоровска
