Дина Јашари и нејзиниот бенд официјален opening act на Duran Duran!

Со големо задоволство споделуваме дека Дина Јашари и нејзиниот бенд се официјалниот opening act на концертот на Duran Duran во Скопје!

dina-jashari-i-nejziniot-bend-oficijalen-opening-act-na-duran-duran-01.jpg

Дина е едно од највозбудливите и најавтентични имиња на новата македонска музичка сцена, артистка која со својот уникатен звук, харизма и авторски печат успеа да ја освои публиката и критиката низ регионот и Европа.

Овојпат, Дина, заедно со својот одличен бенд, ќе ја загрее сцената за еден од најголемите и највлијателни бендови на сите времиња, актуелен и денес.

Од Скопје до светските и регионални сцени, ова е уште едно големо признание за Дина и нејзината музика, а за публиката уште една причина да дојде порано и да ужива во целовечерен настан на 2 јули во СЦ Борис Трајковски.

Се гледаме на Duran Duran, но прво со Дина и нејзиниот бенд на 2 јули! 

Преостанатите влезници се во продажба онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.

Најчитани неделава