Концерт на Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски и оркестарот со голем концерт во Хераклеја – вечер во чест на македонската песна

Македонската песна повторно ќе одекне меѓу вековните камени ѕидини на Античкиот театар Хераклеја. На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, еден од најавтентичните и најемотивни интерпретатори на македонската музика, Влатко Миладиноски, ќе одржи голем концерт кој ветува незаборавно музичко доживување.

koncert-na-vlatko-miladinoski-i-zlatko-miladinoski-i-orkestarot-so-golem-koncert-vo-herakleja-vecher-vo-chest-na-makedonskata-pesna-01.jpg

Во еден од највпечатливите културно-историски локалитети во земјата, публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со безвременски македонски песни, силни емоции и внимателно осмислена музичка продукција што ќе ја спои традицијата со современиот сценски израз.

На сцената, Влатко Миладиноски ќе настапи во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски, составен од 30 врвни музичари.

koncert-na-vlatko-miladinoski-i-zlatko-miladinoski-i-orkestarot-so-golem-koncert-vo-herakleja-vecher-vo-chest-na-makedonskata-pesna-02.jpg

За оваа пригода ќе бидат изведени авторски композиции, како и нови оркестарски аранжмани на едни од најубавите македонски песни, создавајќи единствен музички спектакл под отвореното небо.

Организаторите најавуваат и настап на специјални гости од македонската музичка сцена, чии имиња ќе бидат објавени во наредниот период, а кои дополнително ќе ја збогатат програмата на оваа единствена концертна вечер.

koncert-na-vlatko-miladinoski-i-zlatko-miladinoski-i-orkestarot-so-golem-koncert-vo-herakleja-vecher-vo-chest-na-makedonskata-pesna-05.jpg

Концертот претставува повеќе од музички настан – тој е прослава на македонската традиција, култура и песна.

Во амбиентот на Хераклеја, каде што историјата и уметноста се испреплетуваат, публиката ќе има можност да ги доживее најголемите хитови на Влатко Миладиноски во сосема ново, раскошно оркестарско издание.

koncert-na-vlatko-miladinoski-i-zlatko-miladinoski-i-orkestarot-so-golem-koncert-vo-herakleja-vecher-vo-chest-na-makedonskata-pesna-04.jpg

Билетите се во продажба по цена од 700 денари преку mktickets.mk, како и во продажната мрежа низ државата. Во Битола, билетите се достапни во Tobacco Brothers на Широк Сокак, а во Прилеп во туристичката агенција Бран.

На 29 јули, Античкиот театар Хераклеја ќе биде сцена на вечер што ќе ја обедини публиката околу она што најсилно ја поврзува – македонската песна. Со врвни музичари, моќни интерпретации и амбиент што остава без здив, концертот на Влатко Миладиноски најавува вистински празник за сите љубители на домашната музика.

koncert-na-vlatko-miladinoski-i-zlatko-miladinoski-i-orkestarot-so-golem-koncert-vo-herakleja-vecher-vo-chest-na-makedonskata-pesna-03.jpg

Најчитани неделава