По повод 11 години постоење, љубителите на книгата организираат настани за размена на прочитани книги во Скопје, Битола и Охрид
- Детали
- среда, 15 јули 2026

По повод 11 години од своето основање, Facebook групата [Размена на книги и книжевни муабети] организира голема акција за размена на прочитани книги во Скопје, Битола и Охрид, со цел да поттикне нови читателски навики, дружење и споделување на книжевни искуства.
Групата, која е основана на 16 јули 2015 година, во текот на изминатите единаесет години прерасна во заедница која ги поврзува љубителите на книгата, овозможувајќи им да разменуваат наслови, да откриваат нови автори и да ја продолжуваат приказната на веќе прочитаните книги.
Јубилејната размена има за цел книгите што веќе се прочитани да добијат нови читатели, наместо да останат заборавени на полиците. Секој учесник ќе има можност да донесе свои прочитани книги и да ги замени со нови книжевни откритија.
„Книгата има најголема вредност кога се споделува. Со оваа иницијатива сакаме да создадеме моменти на дружење и да покажеме дека љубовта кон читањето може да ги поврзе луѓето низ целата држава“, велат организаторите.
Размените ќе се одржат во:
Literatura, Diamond Mall, Skopje, 18::ОО
Uchilnica Specialty Coffee, Битола, !8:00
Охрид: Размена на книги и книжевни муабети | Facebook