CITYPASS: Вашиот клуч за градот Будимпешта

Сигет е град –држава и навистина имате сè што ви потребно за убав престој. Но, сепак не заборавајте дека сте во срцето на еден од најубавите и најпосетуваните градови во светот, а со оваа картичка можете да извлечете максимум од својот престој во градот.

citypass-vashiot-kluc-za-gradot-budimpeshta-1

Картичката што ја воведе Сигет во 2011, ќе им биде достапна на сите Сигетанци и оваа година. Со Citypass можете бесплатно да го користите јавниот превоз (трамвај, автобус, брод, метро и HEV приградски железници), под услов да се движите во рамки на градот, можете слободно да се возите со шатл автобусите од аеродромот Франц Лист  и железнички станици Keleti и Nyugati, едно бесплатнo користење и намалена цена на сите следни влезови во спа центрите и градските плажи, попуст  на влезниците за сите музеи во Будимпешта, како и за влез во зоолошката градина  и Забавниот парк на Будимпешта.

Цената е 29€ за 13 дена – важност од 1 август (00.00h) до 13 август (24.00h) или 9€ за 2 дена - важи од денот на валидација до крајот на следниот ден (24.00h).

Дознајте повеќе

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg