Првата трка на високи потпетици во Skopje City Mall
Вчера за прв пат се одржа првата трка со високи потпетици во организација на Skopje City Mall.

Единствен критериум кој учесничките мораа да го испочитуваат беа потпетиците високи минимум 8 сантиметри.
Сите учеснички пред самиот почеток на трката добија редни броеви. Стартот на трката беше пред Fashion and Friends продавницата, а целната линија беше до DeFacto.
Присутните беа позитивно изненадени од брзината со кои овие девојки ја истрчаа патеката, без никакви сериозни инциденти.
Трите најбрзи девојки добија на подарок по еден пар чевли.
Погледнете како се одвиваше оваа женска трка низ неколку фотографии.



















