Која е малата Илма, девојчето што ја освои публиката на X Фактор?

Човек да се наежи, има само 13 години, а во првата епизода на шоуто “Х Фактор“ ги освои симпатиите и на жирито и на публиката. Речиси целиот регион воодушевено зборува за неа.

koja-e-malata-ilma-devojceto-sto-ja-osvoi-publikata-na-x-factor-01

Илма Карахмет е осмо одделение и живее во Кисељак, БиХ. Жирито оваа девојка ја оцени како сериозна опасност за многу постарите кандидати во шоуто. Таа ја испеа песната  „Има еден свет“ на хрватската пејачка Зорица Конџа.

Конџа вели дека била скептична кога слушнала дека едно тринаесетгодишно девојче ќе пее толку тешка песна.

„Точно е бев скептична, бидејќи за оваа песна треба да имаш малку повеќе зрелост и глас. Но, откако ја слушнав изведбата бев повеќе од изненадена, бидејќи видов девојче, а слушнав веќе формиран глас, музикалност и голем талент. Затоа, мила Илма, од сè срце сакам да ти се остварат соништата“ - вели Конџа.

Малата Илма раскажува за вечерта кога се емитуваше првата епизода од „ Х Фактор“:

„Додека ја гледав снимката од изведбата, веќе на половина песна почнаа да ми стигнуваат пораки. Не стигнав на сите да им одговорам, беше невозможно, останав будна до 4:30 часот по полноќ. Добив повеќе од 2.000 пораки и исто толку повици. На моите родители им велам: „Свесни ли сте вие што имате дома?“, а тие се смејат.“

Талент:

„Мојот татко се занимаваше со музика, така што тој знае нешто за музиката и ми кажува како треба. Инаку, сè сама работам. Не одам во музичко училиште, но одам на академијата „Пинк Пантер“. Тоа е училиште за гитара, јас не свирам, само настапувам со нив.“

Настапи:

„Освен на школските приредби, настапував на некои митинзи кога имаше избори, на некои фестивали, хуманитарни концерти....Не барав хонорар, само ако некој понуди...“

Музички идоли:

„Од домашните го сакам Саша Ковачевиќ, некако ми е најдраг и најмногу го слушам. Од странските слушам повеќемина, но Бијонсе е Бијонсе. Но, ако нешто биде со мене, сакам да сум своја. На аудицијата, кога Жељко дојде на сцена и ми ја бакна раката, не знаев дали да плачам или да се смеам. Почнав да се тресам. Прашање беше дали ќе се онесвестам или ќе останам на нозе.“

Видеото од нејзиниот настап има огромна посетеност, а на Твитер веќе има коментари дека Емина не би можела да извлече толку висока интонација како Илма.

Луѓето од „ Х Фактор“ им рекоа на моите родители: „Ова дете не е нормално, однесете го на доктор, не затоа што е болно, туку затоа што е ненормално колку високо пее.“ - весело раскажува Илма.

Погледнете го настапот на Илма во „Х Фактор“ и се разбира споредете го со оригиналот на Зорица Конџа – „ Има еден свет“.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg