Скопскиот фестивал вистинска музичка бајка

Скопскиот фестивал годинава раскажа вистинска приказна во Македонската опера и балет. Гламурозна бајка која приреди музичко патување со чекори по врвни музички ноти отсвирени од 54 членови на Оркестарот на Македонската радио телевизија.

skopskiot-festival-vistinska-muzicka-bajka-01

По сценарио на Мери Попова беше претставена одлична сценографија, претставена низ четирите временски сезони. Почнувајќи од моменталната романтична есен кон студената бела зима, будењето на природата во пролет и летните зајдисонца. Во секое временско доба беа претставени по 5 музички приказни, вкупно 20, отпеани во живо на врвно ниво, давајќи им посебен шарм и сјај на мелодиите.

skopskiot-festival-vistinska-muzicka-bajka-3

Македонските млади пејачи, а и оние од постарата генерација,  покажаа дека македонската музика знае да покаже квалитет и Скопскиот фестивал може одново да претставува најважен музички фестивал, од кој ќе се запаметат вечни мелодии и евергрини. Васил Зафирчев во водителска улога, беше достоен раскажувач на приказната, цитирајќи стихови на маестралниот млад македонски поет Сашо Димовски.

Во секое отворање на ново поглавје од бајката се навраќаа спомени со вечните  музички евергрини, препеани од Васил Зафичев, а придружени со танцови балетски движења на многубројните танчери.

Гласањето за да се избере најдобрата песна беше кратко и едноставно, преку смс - пораки, со тоа  што од еден број беше дозволено да се гласа само еднаш и така се заштити од злоупотреба и полесно се одлучи за победникот. Она што беше дополнително позитивно нешто е хуманитарниот чин од страна на Македонската радио телевизија и мобилните оператори, кои ги донираа собраните средства од влезниците и смс – пораките за помош на Ацо Конга.

skopskiot-festival-vistinska-muzicka-bajka-1

Како и сите бајки, така и оваа заврши со среќен крај и прогласување на победникот Ламбе Алабакоски со песната „Ќе те чекам јас“, која ја посвети на неговата почината мајка, комплетно дело на Јован Јованов со добиени вкупно 124 гласови и парична награда од 1.200.000 денари.

Второто место ѝ припадна на маестралната Тамара Тодевска и песната „Тешко без тебе“, со вкупно 89 освоени гласови и парична награда од 600.000 денари.

На третата позиција се најде Димитар Андоновски со моќната и чувствителна изведба на песната „Ако ме боли“ со вкупно 77 освоени гласови и парична награда од 300.000 денари.

Средствата за наградите се обезбедени од Македонската радио телевизија со поддршка од Министерството за култура како дел од процесот за стимулирање на македонската авторска музика.

Наградата за животно дело му беше доделена на композиторот на балетска, забавна и оркестарска музика, Љубомир Бранѓолица.

За ова фантастично издание на Скопскиот фестивал мора целосно да ѝ се честита на Македонската радио телевизија и на уметничкиот директор на фестивалот Валентино Скендеровски.

Конечно на македонската музичка сцена се врати вистинскиот гламур во кој блескаат вистински музички ѕвезди.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg