Генетски модифицирана Златна Бубамара - 17

Најпопуларната и најочекувана манифестација од нашата ПОРАНЕШНА и СЕГАШНА ЗЕМЈА, ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА го најавува 17. издание со еколошки монетарен слоган: ОД ПАРИ СЕ ЖИВЕЕ  -  НЕ ОД ВОЗДУХ!

genetski-modificirana-zlatna-bubamara-17-01

Во третата недела на февруари, традиционално по 17. пат ќе се оддржи спектакуларното доделување во кое организаторот ги обврзува сите посетители и учесници да бидат во текот со времето (современи), да користат голема АВТОЦЕНЗУРА и на настанот да дојдат без своите АВТОМОБИЛИ.

Чистиот воздух и мирната душа се потреба во секое  хумано опшество и додека го чекаме тој убав ден, бараме да молчите, да слушате радио и да дишете по дома.

Од штабот на популарното радио „Бубамара“ најавуваат дека овој голем медиумски празничен ден, повторно ќе биде во знакот на  непредвидлива сатира, пристоен  хумор,  добра музика и аплаузи за сите добитници меѓу кои и најголемите македонски и балкански звезди.

genetski-modificirana-zlatna-bubamara-17-02

Ранко Петровиќ  автор и режисер на „ЗЛАТНА БУБАМАРА“:

„Златна бубамара“ секогаш во свој препознатлив стил ја прераскажува изминатата година, ја дијагностицира и лекува нашата реалност и опшествена стварност. Во измнинатите години создававме тематски различни идеолошки бубамари: затворска, транзициска, европејска, романтична, барокна, малерозна, социјалистичка.

За оваа година нашата програма повторно ќе биде вкусно природно овошје создадено од овоштарникот на нашите најпопуларни личности и уметници кои создаваат богатство на нашата душа.    

genetski-modificirana-zlatna-bubamara-17-03

Билетите ќе се продаваат од 12. јануари преку мрежата на mktikets.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg