Млад македонски дизајнер започна интернет хит во Хрватска

Откако младиот дизајнер Иван Дургутовски на интернет објави постер со играта на зборови „I have a Kraš  on you“, каде зборот crush е заменет со логотип на Краш, оваа интересна досетка ги освои симпатиите на сите корисници на социјалните мрежи и спонтано се прошири по целиот регион.

mlad-makedonski-dizajner-zapocna-internet-hit-vo-hrvatska-01

Преку социјалните мрежи идејата допрела и до Краш, каде го препознаа потенцијалот на оваа идеја и го ангажираа младиот дизајнер за нив да направи логотип по повод кампањата за Денот на вљубените.

Размислувајќи како да ги изненади заљубените парови, тимот на Краш одлучи да доделува чоколада покрај секоја љубовна порака на Фејсбук која паровите ќе ја споделат.

За Денот на вљубените оваа идеја беше реализирана во трговски центар во Загреб. А, прекрасните реакции на ова слатко изненадување погледнете ги во видеото:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg