Денови на кариера - „Вечно прашање: Како да стигнам до врвот?“

Седиш дома и се уште се прашуваш како да бидеш успешен по завршувањето на факултетот? Ние го даваме одговорот на вечното прашање. Во тек се “ Career Days”,  најголемиот саем на компании во Македонија кој оваа година го слави своето полнолетство.

denovi-na-kariera-vedno-prasanje-kako-da-stignam-do-vrvot-0001

Намената на проектот, поттикнат од мотивираните студенти кои со својата упорност, како и со помош од најголемите компании во земјава, е да одговари на најтаинствените прашања кои често секој студент си ги поставува самиот на себе.

Овој настан ќе имате можност да го посетите до 20-ти февруари и да си ги разјасните мислите кои постојано ви се вртат низ глава и ви предивзикуваат нејаснотии. Со здружени сили, оваа година локалните комитети на АИЕСЕК и  ЕЕСТЕК Скопје, ја прават оваа манифестација уште попривлечна.

Саемот на компании е веќе започнат и се одвива на 19-ти и 20-ти февруари во просториите на Националната Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје каде имате можност лице во лице да разговарате со претставниците на 20-тина врвни компании.

Како засладувач на овој саем настанот продолжува со едукативниот семинар,со почеток од 21-ви па се до 23-ти февруари, а ќе се одвива паралелно во просториите на Економскиот факултет - Скопје и Техничкиот кампус.

denovi-na-kariera-vedno-prasanje-kako-da-stignam-do-vrvot-05

Активностите кои ќе се одвиваат во овие пет дена на овој настан, ќе ви пружат шанса да се надоградите на професионален план, а и можност да пронајдете пракса која вам најмногу ќе ви одговара. Обуките и саемот ќе ве однесат на едно повисоко ниво, ќе ве доведат поблиску до компаниите и поблиску до работното место кое го посакувате отсекогаш.

Се што треба да направите е да аплицирате на www.careerdays.org.mk и да донесете мотивационо писмо на саемот кој трае до утре, за потоа да учествувате и на едукативниот семинар. На нашиот официјален веб сајт можете да ја погледнете и агендата за семинарот и секако компаниите учесници.  

denovi-na-kariera-vedno-prasanje-kako-da-stignam-do-vrvot-6

„Денови на кариера“ е најјаката врска помеѓу работодавците и студентите, а исто така и најголемата можност учесниците да ги искажат своите лидерски способности, желба за работа и својата креативност со цел да се истакнат на пазарот на труд.

ГО ОЧЕКУВАМЕ ВАШЕТО ПРИСУСТВО, АПЛИЦИРАЈТЕ, ПОСЕТЕТЕ НЕ, ВО ТЕК СЕ “ДЕНОВИ НА КАРИЕРА 2014” !

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg