Скопскиот маратон станува Wizz Air Скопски маратон

Виз Ер, најголемата нискотарифна авионска компанија во Централна и Источна Европа*,  денеска го објави спонзорството на Скопскиот маратон во партнерство со Градот Скопје.

skopski-maraton-stanuva-wizz-air-skopski-maraton-01

Скопскиот маратон го додава Виз Ер во своето име и годинава, како и следните три години, ќе се одржува како ‘‘Wizz Air Скопски маратон‘‘.

Уште од почетокот на натпреварувањата, расте интересот меѓу учесниците и годинава, на 11 мај ќе се одржи по десетти пат во срцето на главниот град на Македонија. Во 2013 година за првпат во настанот учествуваа речиси 5.000 тркачи од 36 земји, а за мај 2014 се очекува овој рекорд да биде повторно соборен.

Зборувајќи денеска во Скопје, József Váradi (Џозеф Варади) главниот извршен директор на Виз Ер, рече: „Виз Ер е позната по тоа што го стимулира авионскиот сообраќај во 35 земји, а денеска ја славиме посветеноста на Виз Ер и присуството во Македонија. Во текот на изминатите 2 и пол години постојано ги развивавме нашите операции, нашата флота и мрежата на линии. Во април 2014 ќе имаме втор авион што ќе ѝ се придружи на македонската база и 4 нови линии со што ќе започнеме летови до Париз, Брисел, Келн и Франкфурт. Ние во Виз Ер веруваме во мобилност и во активно живеење. Нашите ниски цени им овозможија на над 370 илјади Македонци во 2013 година да патуваат заради работа или задоволство и обединувањето на брендот Виз Ер со Скопскиот маратон претставува адекватно партнерство. Остануваат приближно 70 дена до трката и јас ги повикувам сите Македонци да ги затегнат врвките и да трчаат на Wizz Air Скопски маратон.“

skopski-maraton-stanuva-wizz-air-skopski-maraton-02

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg