Career Direction – проект за средношколци!

Career Direction е проект наменет за младите луѓе во средните училишта и подигање на нивната свест во поглед на предизвиците кои им следат. На овој проект се обрнува внимание на темите како лидерство, комуникациски и презентациски вештини, претприемништво, јавно говорење и др. Мотото под кое се води проектот Career Direction е #OpenYourFuture.

career-direction-proekt-za-srednoskolci-01.jpg

Проектот се одржува од страна на АИЕСЕК Скопје, која е интернационална , непрофитна организација која им обезбедува можности на младите луѓе со кои тие би се надградиле себеси во глобални лидери кои ќе го имаат потенцијалот за да поттикнат и создадат промени во општеството во кое живееме. Воедно, проектот е поддржан и од Универзитетот American College Skopje, во чии простории и ќе се одвива.

На самиот проект, средношколците ќе имаат можност да стекнат нови пријателства и да научат нешто ново, а потоа истото да го применат во интерактивните работилници и дискусии кои следат после секоја сесија.

За оваа година, се направи модификација на проектот, со што тој ќе се реализира како размена на млади студенти. Млади предавачи од различни земји од светот ќе ги држат обуките и работилниците на самиот проект. На овој начин средношколците ќе имаат можност да се запознаат со луѓе од различни краеви на светот, да осознаат и разменат мислења за нивните култура и нивните гледишта за лидерството.

Career Direction ќе се одржува само за викендите во периодот од 04.04.2015 до 10.05.2015 година (без викендите на 11-12.04.2015 за Велигден и 02-03.05.2015 година), во просториите на Универзитетот American College Skopje.

Тука може да се пријавите за учество на проектот Carreer Direction.

За повеќе информации околу проектот може да добиете доколку не следите на нашата facebook и twitter страна.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg