#ЛетовоСакам...

Најголемите општествено-глобални проблеми се токму оние кои директно влијаат на идните генерации и нивниот развој. Кога зборуваме за општествено-глобалните проблеми можеме да посочиме на едукацијата, здравјето, културата, животната средина и општественото претприемништво. Затоа, ова лето АИЕСЕК Македонија ви нуди можност да бидете дел од проектите и активностите кои се наменети за подобрување и решавање на проблемите со кои се соочува светот.

letovo-sakam-2-01.jpg

Преку кампањата #ЛетовоСакам, АИЕСЕК Македонија ви ги претставува волонтерските пракси кои се дел од мерките за подобрување на овие проблеми, но и имаат за цел да се покрене иницијатива за развивање на свеста кај луѓето, особено младите.

Волонтерските пракси се достапни за сите студенти. Во времетраење од 6-12 недели, и во 128 земји, овие пракси ви нудат можност за запознавање на нови култури, стекнување нови знаења и нови вештини кои ќе придонесат не само за вашиот професионален развој, туку и за општеството.

Сместувањето и храната се најчесто обезбедени, а она што треба вие да го направите е да бидете одлучни и силно да посакувате да направите нешто повеќе за себеси и проблемите со кои се соочуваме.

За повеќе информации посетете ја нашата Фејсбук фан страна и нашиот профил на Твитер.

Спремни сте ова лето да направите промена? Излезете од балонот и одлетајте на пракса!

Аплицирајте ТУКА!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg