Премиера на филмот ‘’Три во Едно’’ на режисерот Коле Ангеловски

Најновото филмско остварување ’’Три во Едно’’, на режисерот Коле Ангеловски, премиерно ќе биде прикажан во Понеделник, 4 Мај , од 20 часот,истовремено во Скопје (Кинотека на Македонија) и во Битола  и Струга, а потоа  и низ останатите градови низ Македонија.

premiera-na-filmot-tri-vo-edno-na-reziserot-kole-angelovski-01.jpg

Филмот е урнебесна комедија од три различни приказни  на една иста тема: Љубов и Неверство.

Сценарио и режија на Коле Ангеловски. Директор на Фотографија е Антонио Божиновски, а во филмот играат плејада одлични актерски имиња : Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Андон Јованоски, Марија Спиркоска Илијески, Наташа Наумоска, Марјан Чакмакоски, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Црцорски, Катерина Чакмакоска, Виолета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски, , Александар Степанулески, Никола Настоски.

Дистрибутер на филмот е КТ ФИЛМ И МЕДИА од Скопје.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg